Економија

ВО КИНА И ИНДИЈА РАСТЕ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЈАГЛЕНОТ

Глобалната потрошувачка на јаглен се зголеми по силниот пад во текот на пандемијата , а годинава треба да достигне рекордни 8,77 милијарди тони, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Потрошувачката на јаглен ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат се поголема улога во производството на електрична енергија и со намалувањето на јаглен во Кина, очекуваат од ИЕА.

Директорот на ИЕА за енергетските пазари и безбедност Кеисуке Садамори изјави дека брзото воведување на технологијата за чиста енергија ги менува глобалните сектори за електрична енергија.

Кинескиот сектор за електрична енергија посебно е важен за глобалниот пазар за јаглен, бидејќи една третина од светската потрошувачка на јаглен се користи во термоелктраните во оваа земја.

Во 2024 година побарувачката за јаглен во Кина ќе се зголеми за еден отсто и ќе достигне 4,9 милијарди тони. Во Индија може да се зголеми за повеќе од пет отсто односно на 1,3 милијарди тони.

Во Европската Унија и САД потрошувачката на јаглен годинава се намали за 12 отсто  односно за пет отсто. Во 2023 година намалувањето беше за 23 односно за 17 отсто, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО