Економија

ДЕСЕТ ЗЕМЈИ НА ЕУ ЌЕ ИМААТ ЕКОНОМСКИ ПОТЕШКОТИИ, предупредуваат од Европската комисија

Европската комисија (ЕК) денеска го објави извештајот во кој се предупредува  на економски потешкотии во 10 земји од Европската Унија кои би можеле да имаат негативни последици за целиот блок.

Комисијата наведува дека макроекономските нерамнотежи се забележани во Германија, Грција, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Шведска, Холандија и Кипар.

Извештајот за механизмот за предупредување (AMR) ги анализира факторите како што се стапката на невработеност, нивото на долгот, кредитните текови и цените на недвижностите.

Европската централна банка очекува економски раст на еврозоната во 2024 година да изнесува од 0,7 отсто. Во 2025 се предвидува забрзување до 1,1 отсто и  1,4 отсто во 2026 година, што е нешто помал раст во однос на претходната прогноза, се вели во извештајот. ЕЦБ прогнозира дека стапката на инфлација во еврозоната ќе биде 2,4 отсто во 2024 година, 2,1 отсто во 2025 година и 1,9 отсто во 2026 година, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО