Економија

ФЕД ЈА НАМАЛИ РЕФЕРЕНТНАТА КАМАТНА СТАПКА

Американската централна банка ФЕД ја намали основната каматна стапка за четвртина процентен поен. Ова е третото намалување годинава, но  ФЕД сигнализираше дека има намера да ги намали каматните стапки следната година со побавно темпо од првично планираното, пред се поради  натамошната висока инфлација.

Членовите на Комитетот за монетарна политика на банката рекоа дека ќе ја намалат нивната референтна каматна стапка за четвртина процентен поен само двапати во 2025 година, помалку отколку што најавија во септември кога очекуваа четири намалувања на стапките во текот на следната година.

Новите проекции сугерираат дека потрошувачите нема да имаат многу пониски каматни стапки следната година за хипотеки, автомобилски кредити, кредитни картички и други форми на задолжување.

Со последното намалување референтната каматна стапка е 4,3 отсто , што следи по намалувањето за половина процентен поен во септември и намалувањето за четвртина процентен поен минатиот месец.

Претставниците на ФЕД истакнаа дека ги забавуваат намалувањата на каматните стапки, бидејќи нивната референтна каматна стапка се приближува до она што тие го нарекуваат „неутрално“ ниво,  односно ниту ја стимулира ниту ја спречува економската активност, пренесе „Данас“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО