Економија

РАСТОТ НА БДП НА САД Е ПОВИСОК ОД ОЧЕКУВАНИОТ

Бруто домашниот производ на САД во третото тромесечие се зголеми за 3,1 отсто на годишно ниво, додека според првобитната процена требаше да изнесува 2,8 отсто, објави американското Министерство за трговија.

Повисокиот раст на БДП се должи на поголемата потрошувачка на граѓаните и зголемениот извоз на амриканската економија.

Растот во третиот квартал е малку повисок од вториот квартал кога изнесуваше три отсто, пренесува АФП.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО