Економија

ИФО: ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ПОВЕЌЕ РАЗМИСЛУВААТ ЗА ОТПУШТАЊЕ НА РАБОТНИЦИ

Германските компании се повеќе размислуваат за отпуштање на работници, посебно во автомобилската и металската индустрија, објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен во нивниот декемвриски извештај.

Индикаторот кој ја мери подготвеноста на германските компании за вработување се намали од ноемвриските 93,3 поени на 92,4 поени.

Германските фирми се се помалку расположени да вработуваат нови работници, но расте и бројот на компаниите кои размислуваат да даваат откази.  

Посебно е тешка состојбата во производниот сектор, конкретно во автомобилската и металската индустрија како и трговијата и секторот на услуги.

Туристичката индустрија на Германија засега отвора нови работни места, но германското градежништво е во криза, но овие компании немаат планови за отпуштања, пренесува  „Еуроњуз“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО