Економија
ВО ШПАНИЈА СЕ НАМАЛУВА РАБОТНАТА НЕДЕЛА, постигнат договор меѓу синдикатите и шпанската влада
21.12.2024
Претставниците на шпанската влада и двата најсилни синдикати во земјата постигнаа договор за скратување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платите. Министерката за труд Јоланда Диза на потпишувањето на договорот изјави дека ова е потег „кој ќе се проучува на универзитетите ширум светот“.
Здружението на работодавачи не се согласува со одредбата за намалување на работната недела и се повлече од преговорите во ноември. Владата во Мадрид се надева дека ќе ја спроведе оваа мерка и без учество на работадавачите, но доколку обезбеди мнозинство во парламентот, пренесува шпанскиот весник „Паис“.
Работниците во Шпанија можат да работат и повеќе од максималните 37,5 часа неделно, но секој час ќе се смета за прекувремена работа.
Компаниите кои нема да ги почитуваат новите правила за работното време можат да бидат казнети од 10.000 евра по вработен.
Владата ќе организира и социјалне дијалог меѓу синдикатите и деловните здруженија за да се следат резултатите од намалувањето на работното време. Се очекува овој договор да биде спроведен во последниот квартал од 2025 година, по поминување на редовната парламентарна процедура, пренесува „Политика“.
фото freepic