Економија

ПО 25 ГОДИНИ ФРАНЦИЈА ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР

Франција денеска го приклучи нуклеарниот реактор „Фламанвил 3“ на својата електроенергетска мрежа. Ова е прв нов реактор вклучен на мрежата по 25 години, соопштија од Електростопаството на Франција (ЕДФ).

Реакторот е пуштен во функција со задоцнување од 12 години и направени вкупни трошоци од 13 милијарди евра, што е за четири пати повеќе од почетниот буџет.

„Фламанвил 3“ е најмоќниот реактор во Франција со капацитет од 1,6 гигавати и еден од најмоќните во светот.

ЕДФ планира да изгради уште шест нови реактори кои се дел од националниот план за енергетска транзиција, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО