Економија
НАЈНИСКО МЕСЕЧНО ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОД 1980 ГОДИНА
21.12.2024
Производството на автомобили во Велика Британија е на најниско ниво во последните 44 години, објави Друштвото за производители и трговци на моторни возила (СMMT).
Во ВБ во ноември годинава се произведени 64 илјади нови автомобили, што е намалување на 30 отсто помалку во однос на истиот период лани. Ова е најмало месечно производство од 1980 година. Сите големи производители на автомобили во Велика Британија забележиле пад на производството, а производството на електрични автомобили се намали за 46 отсто, пренесува „Капитал.ба“.
Во Велика Британија годинава се произведени 734 илјади автомобили или за 13 отсто помалку од истиот период лани.
Во земјите од Европската Унија во ноември се регистрирани 869 илјади нови автомобили, за 1,9 отсто помалку од иститот месец лани, објави Здружението за европски производители на автомобили (АЦЕА).
фото freepic