Економија

ЈАПОНЦИТЕ СЕ СООЧЕНИ СО ПРОБЛЕМОТ НА ЛИЧНА ФИНАНСИСКА ПРЕЗАДОЛЖЕНОСТ

Финансиската презадолженост е проблем на се поголем број на Јапонци кои се соочуваат со растечки животни трошоци и со зголемување на каматните стапки, предупредуваат правните експерти во оваа земја, а за тоа ги наведуваат и зголемениот број на самоубиства поврзани со презадолженоста.

Бројот на потрошувачки кредити расте најбрзо во последните 16 години, а задолжувањата на домаќинствата за минатата година за прв пат ги надмина приходите, пренесува порталот „Блумберг“.

Државните официјални претставници се загрижени од тоа што многу луѓе кои се навикнаа на ниските каматни стапки ќе имаат проблем со се поголемите задолжувања.  

Јапонија не е единствена земја во кои граѓаните се соочуваат со финансиски проблеми од презадолженоста, но платите на Јапонците се најниски меѓу земјите од Г7, пренесува „Новости“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО