Економија

НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНИТЕ ЦЕНИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО ЕУ

Просечните цени на земјоделските производи во Европската Унија се намалиле за два отсто во однос на 2023 година, додека просечната цена на интпутот  (производи и услуги потрошени во земјоделското производство) се намали за шест отсто, покажува анализата на Европскиот статистички завод (Евросдта).

Според претходните процени за 2024 година, намалувањето на цените се случува по силниот раст во 2021 година и 2022 година и скромниот раст минатата година.

Годинава се случуваат значителни варијации во движењето на цените на поединечните производи. Најголеми зголемувања на цените се однесуваат на маслиновото масло (за 30 отсто), компирот, вклучително и на семенскиот компир (за 12 отсто) и овошјето (за седум отсто). Забележан е благ раст на цените на говедското месо од два отсто и на млекото од еден отсто.

Намалување на цените има и кај житарките за 15 отсто, на јајцата за осум отсто, свинското месо за седум отсто, кај пилешкото месо  за шест отсто и кај зеленчукот и хортикултурните производи за два отсто.

Кај инпутот во земјоделското производство се забележани зголемени цени кај семињата и садниот материјал, како и кај ветеринарските трошоци за три отсто. Има висок пад на цените на ѓубривата за 18 отсто, на сточната храна (11 отсто) и енергетските мазива (8 отсто), додека средствата за заштита на растенијата и пестицидите поевтиниле за два отсто.

Цените на млекото во земјите од Европската Унија годинава се пониски за 16 отсто во однос на 2023 година. Најголеми намалувања има во Финска за 12 отсто, Португалија (10 отсто) и Шпанија (осум отсто). Најголемо поскапување има во Ирска (15 отсто), пренесува „Бизнис.рс“.

ПРЕПОРАЧАНО