Економија

ШВЕДСКА СО НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЕУ

Учеството на обновливите извори за енергија во вкупната потрошувачка во Европската Унија во 2023 година изнесувало 24,5 отсто, што е зголемување за 1,4 процентни поени во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.

До 2030 година поставени се проекции учеството на обновливите извори на енергија во ЕУ  да биде 42,5 отсто.

Шведска во 2023 година го зазема првото место меѓу земјите од ЕУ, според учеството на обновливи извори на енергија, со вкупна потрошувачка од 66,4 отсто. На второ место е Финска со 50,8 отсто, Данска е на трето место со 44,9 отсто .

Најмало учество на обновливи извори на енергија  е забележано во Луксембург (11,6 отсто), Белгија (14,7 отсто) и Малта (15,1 отсто).


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО