Економија
„СЛАБОСТА“ НА ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА
23.12.2024
Минатата недела цената на нафтата на светските пазари се намали за два отсто, поради загриженоста на трговците од поголемата понуда од потрошувачката. Цената на еден барел на лондонската берза се намали за 2,1 отсто и изнесуваше 72,94 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 2,6 отсто и се продаваше за 69,46 долари.
Намалувањето на потрошувачката на нафта е предизвикана од слабоста на неколку големи економии. Мерките за потикнување на економскиот раст во Кина не ги дадоа очекуваните резултати, а економиите на еврозоната и на Јапонија покажуваат знаци на слабост.
Американската економија покажува тренд на стабилен раст, но на побарувачката за нафта влијаеше и јакнењето на американскиот долар во однос на кошничкaта од шест најважни валути, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic