Економија

КУПОВНАТА МОЌ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ЦРНА ГОРА НА ПОЛОВИНА ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУ

Бруто домашниот производ по жител во Црна Гора, според стандардот на куповна моќ, во минатата година изнесувал 51 отсто од просекот на Европската Унија, покажуваат податоците на Еуростат.

Највисок БДП по жител, според стандардот на куповна моќ, е забележан во Луксембург, кој е за двапати повисок од просекот на ЕУ и изнесува 237 отсто од европскиот просек. Бугарија е на најниско ниво со 64 отсто од просекот на ЕУ.

Од земјите во регионот, Хрватска има најоглем БДП по жител, со 76 отсто од просекот на ЕУ. Црна Гора е на второ место со 51 отсто. Србија има 49 отсто од просекот на ЕУ, Македонија со 41 отсто, додека Босна и Херецеговина и Албанија се наоѓаат на ниво од 36 отсто од европскиот просек, пренесува РТЦГ.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО