Економија

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но не и на функционерите

Во 2025 година ќе растат платите на сите вработени во државата, но нема да растат платите на функционерите, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

- Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите. Тоа го кажавме и тоа го правиме. Правиме измена на законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските плати. Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на спортска сала во населено место Црешево во Општина Гази Баба.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО