Економија

ВИСОКИТЕ ДАНОЦИ ЗА СТРУЈАТА ЈА СЛАБЕЕ ЕВРОПСКАТА ИНДУСТРИЈА, посочуваат експертите

Европските земји мораат да пронајдат начини за намалување на данокот на електричната енергија за да ја поттикнат конкурентноста на своите енергетски интензивни индустрии, изјави Леонард Бирнбаум, претседател на енергетското лоби Еурелектрик во разговор за „Ројтерс“.

Цените на електричната енергија во Европската Унија се многу повисоки од цените во САД што го загрозува производството на алуминиум, челик, хемиските производи и цементот, а го оптоварува и работењето на другите индустрии кои трошат големи количини на електрична енергија.

Даноците на електричната енергија во ЕУ како учество во цената на струјата за домаќинствата и индустриските потрошувачи се до три пати повисоки во однос на цената на гасот. Како проблем се јавува тоа што висината на даноците за струја ги определува посебно секоја земја во ЕУ.  


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано