Економија

ЕГИПЕТ ИЗГУБИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПРИХОДИ ОД СУЕЦКИОТ КАНАЛ

Египет изгуби повеќе од 60 отсто од приходите од каналот во 2024 година во споредба со 2023 година, поради безбедносните ризици во Црвеното Море. Од воените судири во регионот Египет изгуби околу седум милијарди долари приход од поморскиот канал, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Воените групи на Хутите извршија стотина напади на бродовите од територијата на Јемен. Нападите ги принудија повеќе компании од бродскиот сообраќај да го избегнуваат Суецкиот Канал и да ја заобиколуваат Африка, што дополнително се одрази на трошоците на поморскиот транспoрт на стоките, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО