Економија

РУСИЈА ЛАНИ ИЗВЕЗЕ РЕКОРДНИ КОЛИЧИНИ НА ЖИТО

Извозот на жито од Русија достигна рекордни 72 милиони тони во 2024 година, објави федералниот Агроекспорт центар.

Според проценките на аналитичкиот центар „Русагротранс“, извозот на жито од Русија е зголемен за околу пет отсто во споредба со претходната година, кога изнесуваше 68,6 милиони тони, пренесе ТАСС.

Најголеми увозници на руско жито во 2024 година беa: Египет  (11,1 милиони тони), Турција (7,2 милиони тони), Иран (5,6 милиони тони), Саудиска Арабија (4,6 милиони тони) и Бангладеш (3,9 милиони тони).

До 2030 година рускиот извоз на жито ќе изнесува повеќе од 75 милиони тони, во вредност од над 17 милијарди долари. Се очекува,  пченицата да учествува со околу 80 проценти од вкупниот извоз, а пченката и јачменот да учествуваат  по  10 проценти во вкупниот извоз на жито од Русија.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО