Економија

МАКЕДОНСКА ДЕМОГРАФСКА СЛИКА ЗА 2024: ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН РОДЕНИ 562 ДЕЧИЊА, негативен природен прираст во градските и во селските подрачја

Во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9 694 деца, што е 60,4 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 367 деца или 39,6 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40,4 %, а најмало Источниот Регион со 5,8 %, објави Државниот завод за статистика.

Во градските подрачја умреле 12 826 лица или 63,5 %, а 7 375 лица или 36,5 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,3 %, а најмало Североисточниот Регион со 8,0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња. 

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 132 лица, a во селските подрачја -1 008 лица. 

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6 014 или 54,3 %, наспроти 5 052 бракови или 45,7 % во селските подрачја. 
Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 299 или 64,2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35,8 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42,2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот Регион има најголемо учество со 52,8 %.

Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 49,6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2,5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.

Главни поенти

Во 2024 година: Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40,4 %, а најмало Источниот Регион со 5,8 %.
Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,3 %, а најмало Североисточниот Регион со 8,0 %.
Учеството на  склучените бракови со  54,3 % и на разведените бракови со 64,2 % е поголемо во градските подрачја. 
Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 49,6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2,5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 2 603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.

ПРЕПОРАЧАНО